Temsa Avenue iBus

Интелигентен автобус за интелигентни градови

Првиот интелигентен турски автобус Temsa Avenue iBus располага со Fleetics платформата за податоци V2Smart

Овој интелигентен автобус е опремен со напредни технологии и подготвен за предизвиците на 21-от век. Веќе се наоѓа во универзитетот Коџали во Измит, каде ќе биде подложен на интензивни тестирања како дел од проектот „Дали сте подготвени за патување во кое идејата се претвора во иницијатива?“. Avenue iBus ќе им овозможи пристап на студентите до новите технологии, а ќе се користи и за транспорт од зградата на универзитетот до технолошкиот кампус кој е оддалечен 25 километри. Така, во реални услови ќе биде тестиран и првиот продукт на платформата V2Smart, направен за дигитализирање на интелигентниот транспорт за интелигентните градови на иднината. Повеќе од илјада студенти и вработени во технопаркот на универзитетот ќе ја оценат работата на Avenue iBus преку педесетина тест-процеси. Собраните резултати ќе бидат искористени од Temsa за развој на нови идеи за интелигентните градови и транспортот во нив.