Trelleborg Glyd Ring D

Решенија за техниката на иднината

► Иновативна клипна заптивка изработена од потполно нов материјал кој може да ги издржи притисоците и температурите кои се среќаваат во денешната мобилна хидраулика

Машините, опремата и моторите опремени со хидраулични цилиндри стануваат се помоќни, што значи дека хидрауликата подлежи на поголеми притисоци и температури. Затоа и се јавува потреба од иновативен пристап во изнаоѓањето решенија кои ќе се справат со нив. Едно такво е Trelleborg Glyd Ring D заптивката која е погодна за примена во сите хидраулични инсталации подложени на големи притисоци. Направена од комплетно нов полиуретански материјал Zurcon Z13. Отпорна е на абење, истиснување и хидролиза, што и дава голема издржливост. Нејзиниот иновативен профил и овозможува да работи под големи притисок без никакви ризици од протекување.