Volkswagen Crafter

Развиен заеднички со клиентите

► Комерцијалната дивизија на Volkswagen има моќен адут

Втората генерација на големиот Volkswagen Crafter започна да се произведува пред три години. Дизајнот не му е многу иновативен затоа што мора да биде препознатлив како Volkswagen. Но затоа е атрактивен – базиран на модерната ДНК на марката, тој на прв поглед наликува на поголем брат на VW Transporter. Дизајнерите се гордеат со постигнување на коефициент на отпор на воздухот од само 0,33, што е најдобро во класата. Сепак аеродинамичноста не ја има нарушено употребливоста на просторот за товар, чиј превоз е основна функција на ваквите возила.

Crafter_Front_schrag_uvh20160727

Развиен како комплетно ново возило, инженерите на германскиот производител имаат земено предвид многу идеи на клиентите, факт што интензивно го нагласуваат. Од таа причина специјалистите од Хановер (каде е седиштето на комерцијалното одделение на Volkswagen) имаат поминато бројни часови како придружници на возачите на сегашниот Crafter на нивните секојдневни рутини.

Crafter_vh20160727Новиот Crafter е на располагање во четири основни изведби, три должини, три височини, четири мотори, две трансмисии… Сé на сé, кога ќе се збројат сите можни комбинации, теоретски Crafter на купувачите на располагање им е во 864 конфигурации. За жал, не можеме да се нафатиме за набројување затоа што од Volkswagen сé уште не ни кажале сé за новиот Crafter. Засега ни кажаа само дека моторите му се дволитарски TDi, Euro VI, специјално развиени за него. На располагање се со силини од 102, 122 и 140 KS, а најсилниот своите 177 коњски сили ги извлекува со помош на два турбо компресора. Во зависност од изборот на верзијата погонот може да биде на предните, задните или сите четири тркала, преку шестстепен мануелен или осумстепен автоматски менувач.

CrafterCockpit20160727_DBF

Функционалното работно место на возачот е повеќе налик на автомобилски, а такви се и технологиите – адаптивниот темпомат, електронски систем за стабилизација прилагоден и за влечење приколка и компензација на страничен ветар и слично.

За разлика од поранешниот Crafter кој беше производ на Mercedes, новиот модел се прави во нова фабрика во Полска, втора која VW ја имаа во оваа земја.