Volkswagen Transporter T6

Пристина желно потребната свежина

Дами и господа, ова е новата генерација на Volkswagen Transporter

Точно 65 години од почетокот на неговото производство и 12 милиони испорачани возила оттогаш, Volkswagen ја претстави шестата T6 генерација на Transporter. Моделот кој со својата едноставност и практичност ја смени сликата за доставните возила меѓу народот, со текот на времето доживеа трансформација во модерно средство за работа. Но едно му остана заедничко – популарноста да ги пренесува идеите на слободоумноста преку границите на мапата на светот.

Достигнувајќи имиџ кој е еднаков на Golf, Transporter постојано се надградуваше и поставуваше нови стандарди и мерила за луѓето кои имаа потреба од превоз Volkswagen Transporter T6на патници и стока. Ниту шестата генерација не е исклучок. Современите линии со поостри рабови се насадени на унапредената механика со исти габарити. Коцкастата силуета стилски е дотерана со избрани детали од Tristar концептот, а содржината на внатрешноста со технолошки иновации од патничката гама на Volkswagen. Така на листата опрема на T6 ќе се сретнат загревано ветробранско стакло, задна врата која се отвора електрично, Front Assist мониторинг систем, адаптивен темпомат, динамичка контрола на подвозјето и слично.

Моќта ќе ја добива од нова генерација дволитарски TDi мотори, кои за Euro 6 пазарите ќе имаат 84, 102, 150 и 204 коњски сили. Таму каде го преферираат бензинот ќе биде понуден со дволитарски турбо машини со 150 и 204 KS. Како и секогаш досега, на располагање ќе биде во бројни варијанти, посебно во комерцијалната изведба. Според VW цените на T6 ќе бидат во корелација или малку пониски од сегашниот модел. Почетокот на неговото сериско производство е закажан за есенва.