Volvo CE

Произведен 75-илјадитиот дампер

Volvo CE забележа убав производствен резултат – го произведе дамперот со реден број 75.000

За нешто малку повеќе од 50 години од претставувањето на првиот свој ваков модел, шведскиот производител стигна до бројката 75.000. Убава бројка, но уште поубава е онаа дека околу 50.000 од нив и ден-денес се користат ширум целата земјина топка. Јубилејниот 75-илјадити дампер Volvo CE е од моделот A45G со специјално Full Suspension ослонување. Беше произведен во фабриката во Браас, Шведска, каде во 1961 година за прв пат се појави и легендарниот DDR631, популарно наречен Gravel Charlie. Јубилејната машина Volvo ја продаде во соседството – на норвешката фирма Leonhard Nilsen & Sønner AS.

Според Volvo, повеќе од половината дампери во светот го носат нивниот знак.

PressRelease2017_July13_2