Volvo CE

Во првиот квартал 30% поголеми приходи од продажбата

За тешката машинерија на Volvo во првиот квартал годинава се одлучија 34% повеќе купувачи

Подобрувањето на условите на пазарот и трансформацијата на производствената програма влијаеше Volvo Construction Equipment во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани да ја зголеми продажбата за 30%, на вкупно 16,2 милијарди шведски круни (1,7 милијарди евра). Зголемување на обемот на продажба е забележан во сите региони, вклучително и Јужна Америка каде е забележано опаѓање на вкупниот пазар и влошување условите за работа – процентот на пораст на продажбата на Volvo CE таму изнесува дури 64%. Најмалиот пораст од 12% го забележа Северниот дел од Америка, додека Азија со своите 37% пораст по вкупниот обем ја надмина Европа која порасна за 26% и стана најголем пазар за Volvo CE.

И другите финансиски параметри на работењето на Volvo CE забележаа пораст – оперативните приходи на 1,6 милијарди круни во споредба со ланските 341 милион, а оперативната маржа на 10% (лани истиот период 2,7%). Бројот на нарачките е зголемен за 34%, на 17.487 машини, а за истиот процент забележа зголемување и бројот на испорачани машини, кој се искачи на 16.369.