Volvo EC 380EHR

Конструиран за рушење

Во понудата на Volvo Construction  Equipment може да се најдат и машини чија основна намена е деструкцијата односно рушењето. Како добар пример за високо-технолошка машина за рушење може да послужи моделот EC380EHR кој е изграден врз основи на универзалниот багер од серијата 380

Рушењето на објектите на прв поглед може да изгледа како релативно едноставна задача. Секако дека и таа операција е доста специфична, како во поглед на користените машини и додатоци така и во поглед на стручноста на операторот. Рушењето на згради, мостови и други градежни објекти значи соочување со најразлични објекти во кои се вградени челични столбови, бетон, армирани конструкци, дрво,… Самата помисла на таа операција наведува на сложената структура на тие специјални машини.

Моделите EC380EHR и EC480EHR, Volvo ги обдарува со врвни деструктивни капцитети. Двата модела се разликуваат според големината на вградените мотори, додека останатите можности им се речиси идентични. Во секој случај говорме за примена на најсовремена технологија која овозможува економична експлоатација со истовремено респектирање на сите еколошки и безбедносни стандарди.

Проверена основа

Носечката конструкција е изведена во облик на буквата “X“, движењето е со помош на гасеници а како погонски агрегат се користи дизел мотор од 283 КС кој ги исполнува највисоките еколошки стандарди Tier 4 Final / Stage IV. Од овие податоци познавачите ќе извлечат заклучок за идентична основа со серијата 380 – и во потполност ќе бидат во право. Она што EC380EHR ја прави специфична се можноста за монтирање на праволиниска или двозглобна работна рака чија должина може да достигне до максималните 21.07 метри. Благодарејќи на зглобната поврзаност машината може да дејствува во опсег од 3600 при што зглобот е додатно заштитен од преоптеретување. Поради зголемена стабилност, а во зависност од димензиите на објектот за рушење, на задниот дел на машината може да се додаде контратег кој се монтира со помош на хидраулика. Оперативната тежина на EC380EHR од 48.895 кг. сама по себе доволно говори за солидноста на целата конструкција.

Опрема

Специјалистите од областа на рушењето добро знаат дека зголемената прегледност на операторот е основен предуслов за успешно делување додека прашината е најголем непријател на ефикасноста. За подобрување на видливоста се вградуваат по една камера на задниот дел и една бочно додека покрај стандардниот бришач на предното стакло, идентичен е вграден и на стаклениот кровен отвор. Ако кон тоа ја додадеме и можноста на навалување на целата кабина за агол од 300, приказната за потребната видливост целосно се заокружува.

Но сето тоа е доволно само за поглед од кабината, а заради елеминација на створената прашина при рушење се користат специјални прскалки за вода кои се вградени на самиот завршеток на работната рака. Пумпата за вода има капацитет на прскање на 30 литри во минута што во пракса се покажува како многу ефикасно решение.

Работен простор

Кабината на оперторот може да послужи како вистински пример за секоја работна машина. Таа физички е заштитена со челичен кафез кој овозможува потполна безбедност од отпаднатите парчиња материјал. Командите се изведени класично, со два џојстика и секундарни команди логично распоредени и на дофат на операторот. Сите релевантни параметри можат да се следат на странично поставениот дисплеј, со посебно внимание кон можните точки на преоптеретување како и на вкупното механичко оптеретување на машината, кои веднаш сигнализираат за можната опасност по одредени компоненти.

Volvo, според добрата шведска традиција, посебно внимание посветува на безбедноста. Сега кон тој позитивен пристап, се додава и драстичното намалување на буката која се движи во рамки на патничките возила. Слушањето на омилената музика додека се извршуваат тешки физички работи, сега претставува многу реална можност.

Спрема материјалот и алатот

Интересна е можноста за менување на работната рака, а се во зависност од специфичните потребиза рушење. За таа операција потребни се само неколку работни часови а на располагање се ставени една линиска и една двозглобна работна рака. Во поглед на вградените додатоци, можат да се искористат чекан, корпа, ножици, зафатна клешта, додека за потребите на преместување на дрва или шут наменети се зафатни вилушки со различни димензии. Овие додатоци можат да бидат со максимална тежина од три тони, а се разбира, можат по потреба лесно и брзо да се заменат.

Оддржување

Во поглед на оддржувањето EC380EHR воопшто не се разликува од останатите работни машини на Volvo. До сите контролни точки може да се пристапи од ниво на тлото а исто така и сите филтри се групирани во една точка. Сервисните интервали се продолжени а времето за нивно ивршување е минимализирано.

Она на што швеѓаните обрнуваат посебно внимание е робусната конструкција и употребата на материјали со врвна цврстина. Оваа машина е добар пример за таквиот пристап.