Volvo HX1

Вредни награди за иновативниот концепт

Автономниот електричен дампер HX1 кој е дел од проектот на Volvo CE за намалување на емисијата на јагленород диоксид за 95%, започна да освојува вредни награди

После шведското Quality Innovation признание, овој целосно автономен дампер се закити со уште две значајни глобални награди – International Quality Innovation и Innovation of Innovations Award. Препознати како признанија кои се доделуваат за иновации добиени со систематски пристап кон јасно дефинираните цели, тие претставуваат не само награда за вложениот труд, туку и обврска за имплементирање на овие иновации во секојдневието. Патот што електричниот дампер HX1 ќе го помине до таму е долг, но извесен. Во тоа ќе му помогнат техничките решенија кои експертите на Volvo ги развиваат за него. Кога ќе се појави, овој дампер целосно ќе ја револуционизира индустријата на градежна механизација. Се очекува да донесе заштеди и до 25%. Серискиот хибриден погон кој ги задвижува сите четири тркала има способност за регенерирање на енергијата. Конструкцијата на дамперот е модуларна, што значи дека ќе има и други изведби освен оваа која има носивост од 15 тони.