Volvo LNG

Гориво од сегашноста за камионите од сегашноста

► Во потрагата по алтернативните горива, Volvo се насочи кон втечниот природен гас

Volvo во својата гама има LNG верзии на камионите FH и FM, кои со исти перформанси имаат емисија на CO₂ помала за 20 до 100%. Моторот на овие камиони како погонско гориво го користи таканаречениот втечнет природен гас. Има две верзии – со 460 KS и 2.300 Nm и 420 KS и 2.100 Nm. Иако овие бројки се споредливи со соодветните дизел агрегати, потрошувачката кај овие мотори е помала за 15 до 25% отколку кај моторите кои користат компримиран природен гас. Дека ги задоволуваат Еуро 6 стандардите не треба да споменуваме. Наменети се за тешки регионални и превоз на долги релации.

VolvoFH_Interior_cluster[1]