Volvo MT2000

Фреза за асфалт за големи зафати

Volvo MT2000 е фреза за асфалт смислено конструирана да се справи со големите работни зафати каде времето и продуктивноста се од најголемо значење

Со тежина од 35 тони, МT2000 се движи со патна брзина од 91,4 и работна брзина на фрезирање од 57,3 метри во минута по заслуга на моќниот Cummins QSX-15 моторот со 610 KS кој со системот за автоматско оптоварување овозможува голема брзина на фрезирање на асфалтот со максимална продуктивност. Хидростатичкиот погон обезбедува сигурно прилепување и динамичко кочење. Секоја лента поседува свој хидрауличен погон кој се пренесува преку планетарен редуктор. Барабанот за сечење од 2.000 или 2.185 mm е лесно достапен зад плугот кој може хидраулично да се подигне за да се олесни замената на неговите алати за сечење. Одличниот пренос на вртежниот момент од моторот до барабанот со сечивата го обезбедува директниот V-ремен заедно со воздушната спојка и автоматскиот затегнувач. Полната работна и оперативна ширина е наменски дизајнирана за ефикасна, удобна и пријатна работа. Тастерите за контрола се двојни и се наоѓаат на обете страни од машината. MT2000 може да реже од рамнина на ивичниците или другите вертикални препреки, со што се елиминира дополнителното чистење. Хидромеханичките сензори се едноставни и доверливи и даваат фина контрола на режењето до длабочина од 355 mm. Обата оператора на машината и човекот на земја можат да ја подесат длабочината на режење додека машината е во погон. Четирите режима на управување дозволуваат операторот на машината да избере меѓу предно, задно, свртено и координирано управување што овозможува одлично маневрирање и движење. Бројот на заби на барабанот изнесува 146 односно 157, резервоарот за вода собира 3.486, а во резервоар за гориво 1.440 литри. Должината со лента и е 14.572, а без неа 7.140 mm. Ширината изнесува 2.500 mm, висината 3.000 mm, а теоретскиот капацитет 1.003,49 кубни метри на час.

Historical_Volvo_MIL_MT2000_Side_1379_805_F