Wolf Lubricants

Во здраво тело, здрав дух

Во ова време тешко е да се најде кому да се верува, било тоа да е избор на матичниот лекар, личниот бербер, омиленото кафе…

Исто е и со моторните масла и другите течности за возилата, посебно кога тие ни служат за работа. Некој ќе каже дека се знае што е добро и ќе има право, но доброто секогаш е скапо, а скапото не секогаш значи и дека е добро. Затоа и изнаоѓањето алтернативни имиња на кои ќе им се верува не значи и правење компромиси, но секогаш резултира со пониски трошоци за работа и поголема конкурентност. За жал, некогаш и со непредвидливи последици по здравјето на моторите и возилата. А тоа не смее да се дозволи, нели?!

За среќа, дури и во овие морално руинирани времиња во кои царуваат големите глобални играчи сé уште има семејни фирми кои совесно работат и го негуваат постигнатото, со ценовно достапен квалитет на своите производи. Едно такво име во областа на течностите за возилата е Wolf Oil, која покрај масла за патнички и товарни возила произведува и други течности потребни за нив (антифриз, течност за миење на стаклата и друго), потоа мазива, подмачкувачи и средства за одржување на деловите од возилото – чистачи, адитиви и слично. Оваа компанија со седиште во Белгија, успешно функционира повеќе од 60 години. Децениите акумулирано искуство се користат за постојан развој според ритамот на пазарот и потребите на клиентите кои постојано еволуираат. Тие добро знаат дека забавувањето во промените значи и менување на структурата на пазарот на своја штета, затоа и акцентот е ставен на идната улога што ќе се има како независен афтермаркет добавувач. Оние што се запознати со овој белгиски производител знаат дека важи за еден од ретките „чисти играчи“ во својата област, чија визија е креирање производи што ќе ги задоволат највисоките стандарди. Тоа им го овозможуваат привилегираните релации што ги имаат со водечките компании за производство на адитиви, развојот на најнови формулации и употребата на најсовремени технологии. Меѓу клучните вредности на кои се базира работењето на компанија е и чесноста, нешто што ретко кој, да не кажеме никој не го наведува како свој приоритет.

Во широкиот асортиман на масла и течности секој може да најде решение за секоја примена во производите од секоја марка, за работа во сите услови. Асортиманот производи ги опфаќа сите видови моторни масла – од оние за високи перформанси до оние за заштеда на горивото; од минералните до синтетичките; од моноградните до специјално произведените. Тука се и маслата за диференцијалите и менувачите, како мануелни така и автоматски. Понудата е докомплетирана со полн асортиман на разладни средства, други мазива и дополнителни и придружни производи. Сите тие ги задоволуваат највисоките стандарди и ги имаат поминато сите постапки на одобрување од страна на производителите на возилата. Доказ за тоа се бројните издадени сертификати од познатите марки со кои се потврдува дека нивната употреба во конкретното возило е дозволена.

Како пример ќе ги земеме најновите масла со низок вискозитет 0W30 и 0W20 што ги задоволуваат потребите на новите мотори со намалени димензии, односно мала работна зафатнина и голема излезна силина, воведени од производителите на возила како одговор на трендот за зголемување на економичноста во потрошувачката на гориво и ниските штетни емисии, опремени со напредни системи за обработка на издувните гасови. За исполнување на барањата тие имаат низок степен на триење и висока ефикасност на технологиите на моторот, што бара посебни својства од мазивата кои можат да се користат во нив. Едно од маслата специјално наменети за ваквите мотори е најновиот производ на Wolf, Officialtech 0W20 LL FE. Осмислено е специјално за новата генерација 2.0 TFSi и 3.0 TDi мотори за возилата на групата Volkswagen и ги задоволува VW 508 00 / 509 00 спецификациите. Исклучително ниската вискозност значајно го намалува трошењето и обезбедува заштеда на гориво од 4% со одржување на очекуваните перформанси на моторот, го продолжува векот на траење и ја одржува ефикасноста на системите за прочистување на емисиите. Пред него со истите карактеристики беа лансирани и маслата Wolf Officialtech 0W20 MS-V за новите Volvo Drive-E мотори, Officialtech 0W30 MS-FFE за најновите Ford Duratorq Euro 6 дизел агрегати и Officialtech 0W30 MS-BFE за последната спецификација на BMW долговечни 12-FE мотори.

Но дека се мисли на сите клиенти докажува спротивниот крај на понудата, каде меѓу другите се наоѓа и маслото Guardtech 15W40 SF/CD. Ова мултиградно моторно масло е наменето за подмачкување на бензински и дизел патнички автомобили со атмосферски или турбо мотори, произведени во период во осумдесеттите години од минатиот век. Се одликува со комбинација на својства за квалитетно чистење и дисперзија со низок удел на пепел. Направено е да обезбеди намалување на трошењето на моторот, оксидацијата и корозијата, а со тоа и одговарачко ниво на заштита и дополнително продолжување на животниот век на овие веќе класичен тип мотори на возилата. Со оглед на нашиот возен парк значајно е и моторното масло Guardtech 10W40 B4, кое е полусинтетички лубрикант направен врз основа на внимателно одбрани високорафинирани базни масла. Посебно се препорачува за Euro 4 дизел моторите со директно вбризгување, како што се Common Rail, TDi, HDi, CDi и другите слични. Доказ за тоа меѓу другите и се обезбедените MB 229.1 и VW 501 01 / 505 00 сертификати.

Wolf_Officialtech_10W40_Ultra_MS-2.xlsx

Палетата производи меѓу нив е пополнета со масла за сите намени и потреби, поделени во пет семејства – Officialtech кои со напредни технологии на адитиви се прилагодени согласно спецификациите на производителите на возила, Ecotech врвни синтетички масла за оптимална економична потрошувачка на гориво и ниски емисии, Vitaltech напредни мазива идеални за модерните возила во изискувачки услови на работа, Extendtech кои се подобрени за загарантирана заштита на моторите кои поминуваат голем број километри и споменатите Guardtech за возила со постар датум на производство. Сите тие се направени со непоколеблива посветеност да се остане на врвот како темел на угледот на компанијата, со прецизно и строго бирање на употребените суровини за нив.

Патот до врвните масла за најнапредните мотори на денешеницата го поплочија производите наменети за обичните возила – оние со кои сме секој ден, оние со кои работиме. Мазивата за нив добро се докажани и купувачите во нив имаат целосна доверба. Тоа го потврдуваат и производителите со издадените бројни сертификати, кои ги ослободуваат клиентите од грижата за квалитетот. Еден таков производи на Wolf е и маслото Officialtech 10W40 Ultra MS. За него гарантираат MAN, Mercedes Benz, Renault, Volvo, Cummins, DAF, Deutz, Mack, MTU Friedrichshafen и други, а ги задоволува и јапонските JASO стандарди. Ова целосно синтетичко мазиво е направено од грижливо одбрани висококвалитетни базни масла кои ги задоволуваат највисоките стандарди за употреба во камионите со Euro V мотор, а одговара и за повеќето Euro VI мотори. Совршено е компатибилно со сите уреди и системи за дополнителна обработка на издувните гасови, како што се EGR, SCR, DPF и друго, во комбинација со гориво со ниска содржина на сулфур под 50 mg/kg. Може да се користи и во постарите дизел Euro II, III и IV агрегати, а одговара и за некои мотори задвижувани со компримиран природен гас.

pieces_00190_6

Слично е и со Wolf Officialtech 15W40 MS маслото специјално прилагодено со комплет адитиви за да се задоволат Euro V, VI и US EPA 07 стандардите. Во споредба со останатите моторни масла тоа нуди одлична заштита од трошење и гарантира ниско ниво на загадување. Наменето е за сите четиритактни Euro V и VI камионски дизел мотори со или без катализатор или филтер за честички, но може да се користи и во Euro III и IV моторите. Ги задоволува барањата на погоренаведените производители, но и на Caterpillar, Detroit Diesel и други марки работни машини.

Ако продолжиме со набројување, не можеме да ги прескокнеме ниту хидрауличните масла Wolf Arow. Да ги споменеме само често користените минерални масла ISO 46 и ISO 68, посебно направени према барањата на најважните производители на хидраулична опрема, за што сведочат Afnor, Cincinnati Machine, Denison, DIN, Eaton Vickers и другите сертификати што ги имаат добиено. Содржат адитиви против трошење, оксидација, корозија и пенење. Можат да се користат и за подмачкување на опрема за работилници, редуктори, лежишта, компресори и друго.

Во Wolf прецизно и строго ги бираат и партнерите со кои работат во вкупно 95 земји од светот – нивниот избор за македонскиот пазар е фирмата АБ Новоселски од Струмица, која има сличен развоен пат и идентични вредности во работењето како и белгискиот производител на масла и течности за возилата. Под мотото „Квалитет и само квалитет“, АБ Новоселски континуирано воспоставува контакти со најдобрите европски брендови чиј број од година во година постојано се зголемува и денес изнесува повеќе од дваесет. Меѓу нив се и Continental-Contitech, Jurid, MAN, SAF, GF, Valeo, Nisens и слични познати марки, така што изборот на Wolf токму АБ Новоселски да ги пласира нивните производи во Македонија воопшто не изненадува.

IMG_69922