За почиста човекова околина

Eberspächer започнува со производство на филтри за честички за бензински мотори

Дизелите се тие што се на тапет, но и бензинските мотори загадуваат. Да не ја стигнат судбината на дизелите се погрижи Eberspächer кој за пар месеци ќе започне со производство на филтри за честички наменети за бензинските мотори

Наменети за вградување во автомобилите кои треба да ги исполнат Еуро 6 нормите, пред сé од германско и европско производство, овие филтри треба да придонесат за побезболно преминување кон новите еколошки норми кои ќе стапат на сила во септември годинава. План на Eberspächer е да се премости јазот на сегашната технологија до појавувањето на новоразвиени агрегати, што значи дека ваквите филтри ќе бидат достапни и во иднина за сите порано развивани бензински мотори кои ќе мора да ги исполнуваат најновите норми за да воопшто бидат понудени на пазарот.