Застава – Крагуевац

Застава во стечај, но без камионското одделение

После низа години неизвесност, започна стечајната постапка во групата Застава

Останувајќи во 2008-тата без автомобилскиот дел, оваа некогаш државна индустрија немаше никакви шанси за преживување – агонијата започната лани со барањето на Италијанците да се покрене стечај за Застава Камиони, навлегува во финалната фаза. Доверителите за некој ден ќе се соберат на првото рочиште, но нема да можат да разговараат за камионското одделение бидејќи лани државата Србија практично со декрет го стави под армиска капа. Под влијание на тој преседан ниту другите целини од некогашниот холдинг како што се специјалните возила и уште неколку фирми, нема да бидат засегнати.

Застава Камиони иако сé уште нерегистрирана како нова фирма која се занимава со воено производство, практично веќе функционира. Таму се произведуваат компоненти за борбени возила, а наскоро ќе започне и производството на новото оклопно возило Лазар, кое, како тврдат од владата на Србија, е атрактивен новитет за кој владее големо интересирање во светот.

50dc6cf4-2ff4-11e7-b515-001a649ddcfe[1]