Алтернативни погони

Volvo и Daimler заедно во приказната со водородот

► Делејќи ја Green Deal визијата за одржлив транспорт и неутрална Европа до 2050 година, двата конкурента прелиминарно се договорија за необврзувачка соработка и основање на заедничка компанија

Намерата е да се развијат, произведат и комерцијализираат системи на горивни ќелии за примена во тешките возила, но и за други употреби. Volvo Group и Daimler Truck AG ќе бидат рамноправни партнери во новата компанија но ќе останат независни и понатаму ќе бидат конкуренти на сите останати подрачја на делување. Со ова наменско здружување на силите ќе се намалат трошоците за развој за обете компании и ќе се забрза воведувањето на системите горивни ќелии во возилата кои се користат за превоз на тешки товари и долги релации. Заедничка цел е да се понудат сериски произведени вакви возила во втората половина од декадава.