Еуроимпекс алати

Без алат нема професионализам

Еуроимпекс, домашна компанија која во јавноста е позната како застапник на возилата Peugeot, веќе десет години со ист таков успех го застапува професионалниот алат од брендовите Milwaukee, Bahco, AEG и Irimo

Прва асоцијација кога ќе се спомене Еуроимпекс секако дека се возилата од програмата на Peugeot. Но упатените никако нема да застанат на тоа туку ќе продолжат со набројување на маслата Total и Valvoline, потоа Banner акумулаторите, Toyo Tires пневматиците, професионалниот тјунинг на возила од брендовите CSS, Alientech, Ragazzon и Vogtland, и… и секако професионалниот електричен и батериски алат од брендовите Milwaukee, Bahco, AEG и Irimo.

Десетте успешни години на генерално застапништво на Milwaukee мораше да биде одбележано на адекватен начин. На тоа обврзуваат големиот број професионалци кои ги користат токму производите на најреномираниот американски производител. Во склоп на одбележувањето на 10-годишнината на брендот на македонскиот пазар, на присутните им беше овозможено да бидат дел од „Големата црвена промоција“ во која г-дин Piotr Kuciapski ги промовираше акумулаторските брусалки, дупчалки и други специфични алати од програмата на Milwaukee.

Притоа Ана Николовска, маркетинг асистент во Еуроимпекс, им се обрати на присутните: „Во текот на годините, како компанија развиваме стабилни деловни односи како со производителите, така и со клиентите, креирајќи нераскинливи врски на лојалност. Оваа година Еуроимпекс прославува 10 години како Генерален увозник на македонскиот пазар за брендот Milwaukee – електричен и акумулаторски алат. Имено кога станува збор за алати за професионална и приватна употреба, покрај Milwaukee, Еуроимпекс е генерален застапник и на други 3 веќе познати брендови како што се: Bahco, AEG I Irimo. Овие брендови заедно со брендот Milwaukee ја истакнуваат компанијата Еуроимпекс како број еден во продажба на алатите во Македонија“.

Помладите корисници кои само што стапнуваат во светот на професионалното работење добро е да знаат дека Milwaukee Electric Tool Corp. е водечки индустриски производител на рачен, електричен и акумулаторски алат и прибор, кој својот имиџ го гради уште од 1924 година. Освен производството на алат, американците се познати и по грижата која ја водат за веќе испорачаните производи, па така Milwaukee е прв производител кој започнува со сервисирање и поправка на алатите. Следејќи ја истата филозофија на настап, Еуроимпекс покрај продажбата располага и со сопствен сервисен центар во кој обучени сервисери се грижат за добрата кондиција на сите продадени машини.

„Да се работи со алатките на Milwaukee на одреден начин претставува задоволство и привилегија. Зад името Milwaukee се крие најдобриот квалитет, најдобрата достапност и најдобрата исплатливост за парите што сте ги вложиле“ – помеѓу останатото ќе изјави Роберт Анастасов, директор на секторот алати во Еуроимпекс.

Со цел да се создадат услови за да им се излезе во пресрет на различните потреби на лицата чии работни задачи се поврзани со физички напор, а кои секогаш очекуваат алатите кои ќе ги употребат да се карактеризираат со трајност, сигурност и прецизност, Еуроимпекс располага со широко распостранета дистрибутивна мрежа низ целата држава, со што брендот Milwaukee е секогаш лесно достапен до крајниот потрошувач.