И тоа го има!

Сателитите во функција за точен есап

► Нема да верувате каква алатка има развиено компанијата Asphalt Kingdom

Секоја работа започнува со пресметка за потребниот материјал и проценка на работната сила и времето за нејзино завршување, од што, секако, зависи и цената. Ако тука се утне, тогаш или нема да ја добиете работата, или ќе ја сработите со загуба. За да им го олесни ова на своите клиенти, компанијата Asphalt Kingdom има развиено софтверска алатка за пресметка за санација на асфалтирани површини. Наречена е Surface Area Measurement Tool и ги употребува сателитите на Google. Отприлика ви е јасно како работи – се внесува локацијата, се поставуваат точки на рабовите на површината која треба да се измери, се бира мерната единица m², km², акри, хектари или ft², се стартува соодветниот калкулатор според видот на работа што треба да се заврши и тој ќе ви каже сé што треба да знаете – колкава е површината, точно колку материјал ви е потребен, колку работни часа требаат за тој да се нанесе… На вас само останува да подвлечете црта и да го направите есапот.