Обични и конусни запченици на Falk Mill Products

Придвижување на најсложените механизми ширум светот

Во својата богата и разновидна понуда на дробилки и опрема, Metso вклучува и реплицирање на обични и конусни запченици од специјализираниот производител Falk Mill Products

Со аквизиција на интелектуалната сопственост и инженерската поддршка на Falk Mill Products од страна на Metso, сеопфатната понуда на финскиот гигант на опрема е проширена, а се со цел задоволување и на најспецифичните потреби на секој клиент.

Како бизнис што се занимава со производство на оригинална опрема (ПОО), Metso е единствениот доставувач на пазарот што може целосно да ги реплицира материјалите, параметрите од дизајнот и геометријата на обичните и конусните запченици на Falk Mill Products вклучувајќи ги и облиците на запци Falk Heavy Duty (FHD) и Mill Type (MT).

Што нуди Metso?

Покрај сопствените дизајни, Metso сега нуди замена на обични и конусни запченици што првично биле доставени од Falk Mill Products. Понуда опфаќа избор, дизајн, производство, контрола, инсталација, сервис и монтирање на отворени запченици на мелници и печки во рударството како и индустријата за производство на електрична енергија и бетон.

Производи од Falk Mill Products на кои може да им се верува

Иако другите производители на запченици тврдат дека можат да ги заменат обичните и конусните запченици од „Falk“, само Metso може да обезбеди замена што ќе соодветствува на спецификациите од оригиналниот дизајн при што ќе се осигури компатибилност со постојните делови и ќе се обезбеди највисоко ниво на сигурност.

Како последица на тоа, нашите запченици работат со оптимален допир на запците и минимално ниво на бучава и вибрации. Следејќи ги најновите стандарди на Американското здружение за производство на запченици (AGMA), како и последните параметри на дизајн и оптимален состав на легури, Metso ги нуди најефикасните и најдолготрајните запченици во индустријата.

Metso, партнер за сите потреби од запченици

Покрај сопствените решенија од полето на дробилките кои со голема ефикаснот и доверливост служат низ сите континенти, Metso постојано вложува и во развој и производство на квалиетни компоненти од производители кои се истакнуваат според квалитетот и спецификите. Во случајот со обичните и конусните запченици на Falk Mill Products, финците нудат заокружен систем:

  • ексклузивен сопственик на дизајнот на запчениците на Falk Mill Products, нацртите и спецификациите за ПОО;
  • искусна инженерска поддршка за сервис, ефикасна и безбедна инсталација и центрирање на обичните и конусните запченици;
  • стратегиски лоциран Сервисен центар што гарантира брз одговор на сите барања од страна на потрошувачите;
  • директната замена со ПОО ја зајакнува сигурноста и работниот век на обичните и конусните запченици;
  • пониска вкупна потрошувачка со еден извор на достава.

Докажаните и квалитетни материјали, дизајн и искуство обезбедуваат највисоки перформанси на набавените обични и конусни запченици.