Бурлинско езеро (видео)

Уникатно езеро, уникатен воз

Каде ако не во Русија

Снимките што се гледаат на ова видео се чинат толку нестварни што човек ќе помисли дека се работи за сцени со специјални ефекти од некој филм. Но, не е така – ова солено езеро навистина постои, навистина има розева боја и навистина низ него поминува воз. Станува збор за Бурлинското езеро во Сибир веднаш до границата со Казахстан кое секое лето заради намножените ракчиња ја добива бојата што ја гледате. Освен по бојата, ова езеро е познато и по големата концентрација на сол – 200 грама на литар, што е шест пати повеќе од морињата и океаните. Токму затоа е и возот, кој поминувајќи низ плитката вода го разбранува дното на езерото за да ја собере солта во вагоните што ги влече. Уникатно, навистина!